Марија Шерифовиќ: Доста ми е од „Ѕвездите на Гранд“ – Би отишла во реалното шоу но под еден услов

ИЗВОРНов Лист
|

Јас би отишла во реално шоу! Мојот единствен услов би бил само ВИП личности да бидат со мене пред камера. Тоа може да бидат Ана Бекута, Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Снежана Ѓуришиќ, Босанац или Ѓорѓе Давид, но и некои други колеги кои имаат кариера, име и презиме, вели Марија Шерифовиќ.

Таа проговори и за тоа дека и е доста од Ѕвездите на Гранд.

– Првите три години ми беа интересни. Но, сега не знам како сум сè уште тука. Веројатно затоа што односите со луѓето со кои работам се фантастични – од Саша Поповиќ па натаму. Затоа секогаш наоѓаме начин заедно да продолжиме да седиме на таа фотелја, иако од година во година велам: „Само оваа година“. Мислам дека ќе паузирам по оваа сезона, да земам воздух за себе. Но, може да се случи, кога ќе дојдат преговорите во мај и јуни, да се предомислам. Уморна сум, овој проект ми одзема многу време.