„Бебето од базенот“ ја тужеше Нирвана поради контроверзната насловна страница: Судот ја донесе конечната одлука

ИЗВОРНов Лист
|

Судијата ја отфрли тужбата против Нирвана поднесена од Спенсер Елден, човекот кој беше фотографиран како бебе за насловната страница на познатиот албум „Nevermind“.

Имено, овој 30-годишен маж покренал судска постапка против бендот поради неговата слика како бебе.

Претставниците на Нирвана ги отфрлија наводите во соопштението објавено минатиот месец, велејќи дека тужбата е „несериозна“ и застарена.

– Но, насловната фотографија на ‘Nevermind’ е направена во 1991 година. Таа беше светски позната најдоцна во 1992 година. Долго пред 2011 година, како што рече Елден, Елден знаеше за фотографијата и знаеше дека тој (а не некој друг) е бебето на фотографијата. Тој со децении е целосно свесен за фактите за наводното „прекршување“ и „повреда“, се вели во соопштението.

Понатаму се наведува дека Елден очигледно се согласил да биде претставен на корицата на албумот, тврдејќи дека „поминал три децении профитирајќи од тоа да биде „бебе на Нирвана“.