– По поводот јубилејот од 10 години, кој го одбележуваме оваа година, со секое лепче даваме гратис учество за „Прв до врв Водно“ на 15 мај. Значи, на еден ќе му се падне паричето, но на сите ќе им се падне ваучер за учество на „Прв до врв“.Да ја започнеме годината со здрави навики и да уживаме во заедничкото искачување на Водно – соопштуваат од „Прв на врв“.
Според соопштението на „Прв на врв“, ќе се крши лепче со паричка за да се добие нов кум, а кумството ќе го предаде кумата за изминатата година.