Близнаци родени во Калифорнија постигнаа исклучително редок подвиг – нивните родендени паѓаат во различни години.
Алфредо Антонио Трухиљо е роден во 23:45 часот по локално време (07:45 GMT) на новогодишната ноќ во 2021 година.
Неговата сестра Ајлин Јоланда Трухило пристигнала само 15 минути подоцна, на полноќ на 1 јануари 2022 година.
Медицинскиот центар Нативидад – болницата Салинас каде се родени бебињата – проценува дека веројатноста дека близнаците се родени во различни години е околу еден во два милиони.
Нивната мајка Фатима Мадригал изјавила дека и е „неверојатно“ што нејзините близнаци ќе имаат различни родендени.