Легендарниот хрватски голман Венио Лосерт е нов член на стручниот штаб на Вардар

ИЗВОРНов Лист
|

Венио Лосерт, поранешниот хрватски голман и член на златната генерација на „коцкестите“ е новиот тренер откако Александар Рогановиќ си замина поради здравствени проблеми.

– Доаѓам во Вардар и секако дека тоа е еден нов предизвик за мене. Кога работиш со клуб треба да се грижиш голманите да бидат постојано во форма и да нема осцилации. Со репрезентација се работи за одржување и подобрување на формата за пократок период. Кога Дејвис се договори со Вардар ме праша дали сум заинтересиран да му помогнам. Од Египет дозволија, и ете сум во Вардар. Го следев Вардар во ЛШ, и можам да кажам дека има добри и квалитетни голмани. Ќе се обидам да помогнам, да бидат уште подобри и поконстантни. Верувам ќе имаме добри резултати“ – изјави Венио Лосерт за официјалната интернет страница на РК Вардар.