На истата слика подолу е нацртана девојка и старица, но на прв поглед луѓето не ги воочуваат и двете. Во зависност од тоа која од нив прво ќе ја погледнете, постојат различни толкувања за вашата личност.
Два можни одговори:
1. Девојка
Девојката на цртежот е свртена со лицето гледајќи во далечината, а од профилот и се гледаат носот и трепките. Од шеширот и излегува бел вел, а облечена е во раскошна бунда. Деколтето и е дискретно откриено, а околу вратот има ѓердан.
Значење:
Ако на сликата прво ја здогледавте девојката, вие сте ведра личност по природа, со детски дух и верно го следите позитивниот поглед кон светот.
2. Старица
Старицата е свртена кон вас со профил. Она што е уво на девојката е око на старицата, линијата на нејзините образи и вилицата се носот на старицата, а ѓерданот е претворен во усни. Велот на шеширот кај старицата повеќе наликува на марама заврзана околу главата.
Значење:
Ако на прв поглед ја видовте старицата или вештерката, како што некои ја објаснуваат, по природа вие сте песимистични и внимателни во секој поглед. Склони сте кон скептицизам и имате стар дух, без оглед на тоа колку години имате.