Пред хотелот каде што е Ѓоковиќ има и македонци

|

Пред хотелот за имигранти во Мелбурн, каде што е сместен српскиот тенисер и понатаму се собираат поддржувачи, но овој пат имаше и Македонци.

Меѓу многуте српски знамиња, можеше да се види и старото македонско знаме. Очигледно и нашите иселеници му даваат поддршка на Новак Ѓоковиќ во овие тешки денови за него.