Времето денес променливо облачно со повремен локален дожд, на повисоките планини на северозапад со повремен снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Повеќе врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови каде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне значително облачно и магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец T= 9 °C, P= 966 hPa, U= 78 %, V= 3 m/s.
Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе започне да дува умерен северен ветер кој во вторник и среда ќе биде засилен. Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури (на места и под -10 степени), а и дневните на места ќе останат негативни.