Брз чоколаден колач – Неодолив десерт спремен во 2 чекори

ИЗВОРНов Лист
|

За време на постудените зимски денови, нема ништо што може повеќе да не развесели и да ви донесе насмевка од неодолив десерт со најубавата состојка, чоколадото. Уживајте!

Состојки:

2 чаши мелени бисквити, 125 гр путер, две лажици какао во прав.

За фил:

950 гр сирење маскарпоне, чаша шеќер, лажичка екстракт од ванила, четири јајца, шолја скршена чоколада, 50 гр какао во прав.

Подготовка:

Мелениот бисквит измешајте го со омекнат путер и какао, а добиената смеса притиснете ја во тркалезна тава за колачи. Оставете во фрижидер да се стегне. Во поголем сад измешајте ги сирењето, шеќерот и ванилата. Мешајте додека не се изедначи. Додадете едно по едно јајце и постојано мешајте. Чоколадото убаво исечкајте го, па додадете го во смесата. Смесата прелијте ја врз кората, израмнете, па печете во рерна на 180 степени околу 90 минути. Извадете, изладете, па ставете го во фрижидер да се стегне. Украсете ја тортата со какао во прав па послужете.