За што сè можете да го користите средството за миење садови?

ИЗВОРНов Лист
|

Знаевте ли дека средството за миење садови можете да го употребувате за многу работи? Може да ви помогне во многу домашни обврски и да ви помогне да се справите со многу проблеми во домаќинството. Погледнете ги неочекуваните примени на средството за садови.

1. Трик против болви
Доколку вашето милениче има болви, можете да го решите проблемот со средство за садови. Едноставно, избањајте го миленичето со купка направена од средство за миење садови. Средството ќе ги уништи болвите и ќе нема потреба да користите средства со силни хемикалии кои можат да му наштетат на миленичето.

2. Стапица за мравки
Средството за садови ќе ви помогне да се ослободите и од други штетници во домот – мравките. Измешајте еднакво количество вода и средство за садови и нанесете ја смесата на места каде што се собираат мравки. Проблемот ќе исчезне за многу брзо.

3. Крцкање на кваките и сјај на прозорците
За да се ослободите од крцкањето на кваките, едноставно премачкајте ги со средство за миење садови. За да ги исчистите прозорците, во голема канта наполнете топла вода, додајте неколку капки средство за миење садови и хидроген пероксид. Со ова средство ќе ги отстранете и најтврдокорните дамки од прозорците.

4. Дамки од масти и црвено вино
Средството за миење садови ќе ви се најде и во перењето на облеката. Доколку на некое парче има дамка од масло, на неа нанесете малку од средството, оставете да делува неколку минути, па исперете го парчето како и вообичаено. За да ги отстраните дамките од вино, измешајте средство за миење садови со малку хидроген пероксид.

5. Мрсна коса
И косата можете да ја третирате со средство за миење садови. Доколку имате проблем со мрсна коса, ова средство е вашето решение – тоа е идеално за отстранување на маснотии. Употребувајте го исто како и шампон за коса.

6. Чистење на блендер
Ова е наједноставниот трик за чистење на вашиот блендер. Во него ставете малку од средството и неколку лажици топла вода, па вклучете го на најголема брзина неколку минути. Потоа само исплакнете со вода.

7. Мраз за пренослив фрижидер
Кога во последен момент ќе сфатите дека немате мраз за преносливиот фрижидер, едноставно заменете го средство за садови. Во кеса за замрзнување ставете малку од средството, заврзете ја и ставете ја во замрзнувач.