21 годишниот Димитар Митревски од Битола е студент на 4 година на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, а својата идина ја гледа тука дома и не размислува да замине во странство.
Тој заедно со две факултетски колешки пред да го завршат високото образование основаа ИТ компанија за да бидат во чекор со праксата во оваа сфера.
Овие млади програмери, креираа платформа со која ги поврзуваат компаниите со студентите на кои им е потребна работа и пракса.
Митревски вели дека само теоријата не е доволна, посебно во информатиката.
-ИНФОРМАТИКАТА Е ПРИМЕНАТА НАУКА, БИДЕЈЌИ АКО НЕШТО ВАЖИ ДО ДЕНЕС ТЕОРЕТСКИ, УТРЕ НЕ ВАЖИ. ПРАКСАТА СО ТЕОРИЈАТА ИМААТ НЕКОЕ ДОЦНЕЊЕ, БИДЕЈЌИ СВЕТСКИТЕ ТЕХНОЛОШКИ ИНСТИТУТИ КОИ ЈА РАЗВИВААТ ТЕХНОЛОГИЈАТА, СЕ МНОГУ ПОБРЗИ И НЕ МОЖАТ ДА КРЕИРАТ И ТЕОРЕТСКО ЗНАЊЕ КОЕ БИ СЕ ПРЕНЕЛО НА ФАКУЛТЕТИТЕ. НО, ЗА СРЕЌА ОСНОВАТА СТАНУВА ИСТА, ВЕЛИ ДИМИТАР МИТРЕВСКИ – СТУДЕНТ НА ФИКТ БИТОЛА
Професорите велат дека исклучително е значајно кога студентите ја гледаат иднината во својата земја, не чекаат да дипломираат и да се пријават на Агенцијата за вработување, туку активно бараат работа или основаат свој бизнис додека студираат.
Велат тоа треба да биде нов правец во решавање на невработеноста, но потребна е поддршка од државата.
-КАЈ НАС ИМАМЕ ПОГРЕШНА ПРАКСА, ПРВО ТЕОРЕТСКИ ГИ ОБРАЗУВАМЕ СТУДЕНТИТЕ, СО МНОГУ МАЛА ПРАКСА ,СО МАЛКУ МЕРКИ ЗА ВРАБОТИВАЊЕ ИЛИ САМОВРАБОТУВАЊЕ, КОГА ЌЕ ЗАВРШАТ ТОГАШ ТИЕ ОДАТ НА НА БИРОТО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КАКО НЕВРАБОТЕНИ. ОТКАКО ЌЕ ПОМИНЕ ИЗВЕСНО ВРЕМЕ ТОГАШ ДРЖАВАТА СУБВЕНЦИОНИРА ДООБУКИ, ПРЕКВАЛИФИКАЦИИ И ОТВОРАЊЕ НА СВОИ БИЗНИСИ, НО МОЖЕБИ Е ТОГАШ ДОЦНА, ВЕЛИ ПРОФ. ДР, ИГОР НЕДЕЛКОВСКИ, ПРОФЕСОР НА ФИКТ БИТОЛА
За да ги задржиме младите дома, но и да не ги губат своите вештини додека долги години чекаат вработување, мерките за активно вработување што ги субвенционира државата, да се спроведуваат додека студираат кадрите, а не откако ќе се пријават во агенцијата за вработувањето, вели Неделковски.
Емилија Мисирлиевски