Предмалку силен земјотрес ја стресе Грција, силно почувствуван во цела Македонија

|

Земјотрес предмалку ја стресе Грција и беше силно почувствуван во цела Македонија. Според информациите на EMSC земјотресот беше со јачина од 5.5 степени по рихтер и епицентар на 5 километри од Флорина, во близина на македонско-грчката граница. Земјотресот беше на длабочина од само 1 километар.

Земјотресот траеше подолго време при што ги испаничи граѓаните на цела држава, а особено се почувствува во јужните делови од Македонија.

Засега нема информации за материјална и човечки штети.

Веднаш по силниот потрес следуваа уште два послаби земјотреси од 3.5 и 4.2 степени по Рихтер.