Почна да паѓа првиот снег во Скопје

|

Како што наговестија метеоролозите, од утринава снег почна да паѓа во поврќе делови од Македонија, но не ссмо во повисоките предели туку и во пониските, како што е главниот град Скопје.

УХМР најави дека времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има и повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во вторник ќе има повремени локални врнежи претежно од снег и ќе дува засилен северен ветер. Потоа од среда времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер, а од четврток постудено со утрински температури кои на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни.