Нова година и нови промени.
Во првите денови од новата година, по пречекот и празниците, Анастасија Ражнатовиќ реши да направи промена во својот изглед, а фановите се воодушевени од нејзиното ново издание.
Младата пејачка се пофали штом била подготвена новата фризура, а од новото издание очигледно е повеќе од задоволна.
„Мала промена не може да боли“, напиша Анастасија во описот на своето видео кое го објави на Инстаграм.
Како што можете да видите, таа прилично ја скрати долгата коса и сега постепено се потстрижува, а она што привлече внимание е тоа што позираше без шминка.