|
Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија Опен, барем така веруваат челниците на турнурот.
Ѓоковиќ ја доби првата битка и веќе одработи два тренинзи во Мелбурн, меѓутоа се чека конечната одлука од министерот за емиграција на Австралија. Се уште не е познато дали Ѓоковиќ ќе добие зелено светло, но организаторите на два дена до ждрепката го потврдија Новак како носител на истата.
Втор носител е Данил Медведев, потоа следуваат Зверев, Циципас, Рубљов и Надал. Помеѓу дамите ностелка е Ешли Барти која е и најдобра на ВТА листата. Зад неа високо котираат Сабаленка и Мугуруза.