|
По силниот земјотрес во неделата навечер од 5.5 степени по Рихтер земјата не престанува да се тресе, па се очекуваат уште повеќе афтершокови.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден имаше десетици помали земјотреси, но попладнево се почувствува еден посилен.
Земкотресот беше регистриран во 16 часот и 14 минути повторно во близината на Лерин со јачина од 4.3 степени по Рихтер и на длабочина од само 1 километар.
Земјотресот беше најмногу почувствуван во Битола, но нема пријави за нова материјална штета.