Овен (21.03 – 20.04)
Не истрчувајте, почекајте прво да се отворат сите карти. Пренесете му на саканото лице се што ви пречи. Потрудете се да не кажувате непромислени нешта.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес можно е да добиете понуда каква што сте посакувале. Потрудете се да бидете комуникативни и добро расположени.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Сјајно се снаоѓате во новата деловна улога и ве импонира поддршката која ја добивате. Партнерот ја очекува вашата емотивна приврзаност.
Рак (22.06 – 22.07)
Се наоѓате во малку неблагодарна позиција и некој како да ви наметнува деловни правила. Нема причина да трпите неуспех поради нечие однесување.
Лав (23.07 – 22.08)
Се наоѓате во дилема меѓу своите потреби и исполнувањето на туѓите желби. Внимателно слушајте што ви говори интуицијата. Во љубовта, вистинската личност ќе дојде кога најмалку ќе очекувате.
Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекува помош од постара и повлијателна личност. Не размислувајте за минатото, тоа не е добро за вас.
Вага (23.09 – 22.10)
Важно е правилно да се разбирате со соработниците и да ги испочитувате основните правила во деловната соработка. Немојте да бидете ситничари.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Посветете им внимание на приоритетните обврски и дозволете си малку одмор. Во љубовниот живот лесно го губите интересот за партнерот. Емотивното затишје ќе ви го промени мислењето.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе бидете во центарот на вниманието. Некој ќе се обиде да ве наговори на нешто. Бидете внимателни. Можен е повик од личност со која одамна сте сакале да се видите насамо.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ако се занимавате со приватен бизнис, избегнувајте било какви финансиски трансакции. Обидете се да направите реорганизацја во вашето опкружување.
Водолија (21.01 – 19.02)
Заплеткани сте во различните ситуации кои воопшто не се лесни за вас. Ќе избрзате со некоја одлука, а подоцна ќе се каете. Во љубовта нема причина да ја одложувате средбата со саканото лице.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашиот деловен успех позитивно ќе влијае на вашата околина. Не сакате некој да ве забавува и да ве заморува со опширните приказни. Во љубовта потрудете се да ги остварите своите емотивни намери.