Сајмон Кауел конечно ја запроси својата долгогодишна девојка: „Таа го промени мојот став за бракот“

ИЗВОРНов Лист
|

Иако Сајмон никогаш не помислил дека е тип за женење, тој сфатил дека ја запознал жената од своите соништа и дека не може да биде посреќен. Заедно имаат седумгодишен син, па смета дека е време за тој чекор

Сајмон Кауел (62) се вери со својата девојка Лорен Силверман (44) по осумгодишна романса.

Прашањето го поставил додека бил на одмор на Барбадос за време на Новата година пред нивниот син Ерик (7) и синот на Лорен, Адам (16).

И покрај тоа што претходно инсистираше дека „не верува“ во брак, Кауел ги преиспита своите ставови откако се заљуби во Лорен, која беше изненадена од предлогот.

Лорен беше апсолутно вчудоневидена и никогаш по милион години не очекувала Сајмон да постави прашање. Солзи радосници и течеле во очите и таа очигледно веднаш кажала да – рекол извор.

– Лорен беше карпата на Сајмон во последните неколку години, го поддржуваше кога го скрши грбот, и воопшто во се. Тие се прекрасен пар – коментирале нивните пријатели и додале дека Сајмон и Лорен се долго време заедно и се обожаваат, па не е големо изненадување што се вериле.

Сајмон ја запозна Лорен кога таа сè уште беше во брак со милионерот, претприемачот Ендрју Силверман. Нивната афера стана јавна, а животот на Сајмон се промени кон крајот на јули 2013 година кога се појави веста за бременоста на Лорен.