Одам на психотерапевт, но нема помош: Маја Маринковиќ ја шокираше јавноста со својата изјава, а потоа го спомна Јањуш

ИЗВОРНов Лист
|

Маја Маринковиќ гостуваше во емисијата кај Огњен Амиџи, па реши да одговори на прашањата на фановите.

Маја Маринковиќ неодамна беше дисквалификувана од „Задруга“ кога физички го нападна своето поранешно момче Филип Цар, а синоќа му гостуваше на Амиџи, со што одговараше на прашања на фановите од Инстаграм.

Нејзините поранешни момчиња беа меѓу првите прашања, па го доби прашањето кој е подобар маж, Јањуш, Цар или Чорба.

– Јањуш! – одговори Маја како од топ, а потоа ја прашаа со кој Драгојевиќ прв ќе биде, Дејан или Давид.

-Дејан е добро момче, но премногу мирно за мојот вкус.

А прашањето кое предизвика најголеми реакции кај публиката и фановите е дали Маја по дисквалификацијата посетила психотерапевт.

– Да, не помогна, нема помош – се пошегува Маја.

Последното прашање беше дали мисли дека некој ќе сака да се ожени со неа после се што покажа во реалното шоу.

– Зошто да не. Јас сум многу добар човек,  но сите грешиме во животот… Јас утре некому би му била одлична сопруга и мајка.