Деновиве ја слушнавме радосната вест дека Петар Грашо и Хана Хуљиќ наскоро ќе станат родители. Имено, со младата Хана чекаат дете, а Грашо е пресреќен. Оваа вест ја потврдија и од ПР тимот на Петар Грашo.
“Информациите за Хана Хуљиќ се точни. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете, Хана и Петар секогаш се, и ќе продолжат да даваат се од себе за да ја задржат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Тие немаат планови за венчавката сепак“, рекоа од ПР тимот на Грашо.
Веста беше дочекана со ентузијазам, но и со прашање како сега се чувствува пејачката Данијела Мартиновиќ која со години беше во врска со Грашо. Нејзината желба да имаат заедничко дете не и се исполни, а нејзината прва објава откако дозна дека Грашо станува татко кажува многу.
„Каков свет би бил ако некои големи луѓе низ историјата се откажале затоа што никој не бил до или пред нив да им аплаудира. А историјата ја менувале поединци, а не групи“, напиша таа.