Познатиот актер за првата средба со Бред Пит: „Бев шокиран“

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Џејк Гиленхал раскажа една смешна ситуација кога го запознал оскаровецот Бред Пит во 2002 година. Тие се запознале за време на снимањето на „Добрата девојка“ во кој Џиленхал глуми со поранешната сопруга на Бред, Џенифер Анистон.

Гиленхал раскажа се во интервјуto  и додаде дека не се снашол најдобро на средбата, но на крајот се испаднало убаво.

„Се сеќавам дека сакав да му подадам рака, а наместо тоа ја треснав вратата со раката. Тој ми рече,  мирно и радосно: „Е, види, имаш друга рака, се ќе биде добро“. Беше многу љубезен и се испадна убаво. Но, да, бев шокиран што го запознав“, изјави актерот.

Покрај тоа што имал трема поради средбата со Бред Пит, Џиленхал во тоа време ја сакал Џенифер Анистон. Тој зборуваше за тоа минатиот октомври на шоуто Хауард Стерн. Потоа призна дека му се допаѓала Џенифер за време на снимањето на „Добрата девојка“. Тој додаде дека снимањето љубовни сцени со актерката во тоа време не му било лесно.

“Да, ми се допадна. Не беше лесно. Снимањето љубовни сцени е секогаш срамно”, рекол тој во тогашното интервју.