Важи за најстар и најпрецизен – Кој знак сте во африканскиот хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Африканскиот хороскоп важи за еден од најстарите и најпрецизни читања на човечките карактерни црти и особини помеѓу астролозите. За разлика од повеќето други поделби на бројот на знаци во зодијакот, специфично за африканскиот хороскоп е тоа што наместо 12, тука имаме 13 различни знаци поделени во 13 месеци, во една календарска година. Посебно интересна работа кај овој хороскоп е бруталната искреност која повеќе е акцентирана на слабостите и маните на знаците, отколку на нивните предности и доблести.

Ntintilili – Морска овца ( од 6 јануари до 20 јануари)

Луѓето родени под овој знак се стремат кон промени, сакаат мир и задоволство. Тие секогаш безусловно ќе целат кон мир и љубов, дури и во најнеповолни ситуации, кои ќе се одразат негативно за нив самите. Овие луѓе се флексибилни, иако понекогаш можат да бидат многу чудни, егоистични и полни со самите себеси.Тие секогаш се водени од голема амбиција и силна верба во постојано самоподобрување. Цврсто се убедени дека се што прават е добро, и поради тоа често можат да создадат лути непријатели наоколу. Делуваат заповеднички и арогантно, но тоа го прават само затоа што секогаш сакаат се да биде како што треба. Тие се родени перфекционисти.

Морските овци се обдарени со многу таленти, особено со можноста да зборуваат доста добро и убедливо. Многу лесно се спријателуваат со луѓето и животните. Тие имаат меко срце и не сакаат да загрозат или намерно уништат нешто или никого. Со нивниот живот управува морето, па токму затоа и нивните емоции се променливи како брановите. Многу од нив се слободни мислители кои можат да сфатат некои работи кои за повеќето други луѓе се воопшто несфатливи. Во љубовта, тие често паѓаат во состојба на целосна збунетост и безнадежност, но експресно брзо знаат да ги решат проблемите и повторно да ја видат светлината на денот.

Луѓето родени под овој знак треба да внимаваат на инфекции на кожата и заболувања на внатрешните органи. Особено треба да избегнуваат канцерогени материи и хемикалии, како и вдишување на токсични и штетни гасови. Морските овци во суштина прилично тешко заработуваат за живот. Мораат да се трудат и работат многу повеќе од другите знаци за да дојдат до посакуваните материјални работи и цели.

Usihlenga – Небесен морнар ( од 21 јануари до 20 февруари )

Луѓето родени под овој знак се идеалисти кои повеќе сонуваат за работите отколку што нешто превземаат да ги реализираат. Тие имаат срамежлив темперамент и често се потонати во својата замислена реалност, но кога се будат, јасно ја гледаат другата страна и не можат да ја негираат реалноста што ги опкружува, па брзаат да се соочат. Тие лесно прифаќаат предизвици, па тоа ги прави големи следбеници на одредено убедување, верување или учење. Тие се духовно многу силни и инстинктивни, па токму поради тоа и некои од најдобрите гледачи и пророци се родени токму под овој знак.

Небеските морнари често се борат против несреќната судбина. За нив не е лесно да се сакаат и да се разберат другите, меѓутоа, тие бараат безусловна љубов, разбирање и прошка од светот. Тие секогаш мислат далеку однапред, па затоа се грижат и ќивеат повеќе во иднината отколку сегашноста. Секогаш бараат нешто ново и брзо се досадуваат од она што го прават. Често пати започнуваат нешто, го оставаат незавршено и веднаш се префрлаат на друго. Тие секогаш се во потрага по некоја вистина или идеали, иако честопати не знаат што бараат, и што да направат со бараното од кога ќе го најдат.

Често се болежливи, особено во детството и адолесценцијата. Тие се со авантуристички дух и сакаат самите да го контролираат кормилото на нивните животи, па поради тоа, многу побрзо се движат напред за разлика од другите знаци во зодијакот. Како резултат на тоа што цврсто се убедени дека тоа што го прават е единствената вистинска работа, тие честопати не се добро прифатено од луѓето во околината.

Amahlengeto Azvanajo – Делфини љубовници (од 21 февруари до 20 март)

Африканската традиција вели дека луѓето родени под овој знак се многу упорни. Тие можат да бидат слаби на многу начини, физички, па дури и интелектуално, но тие се храбри, строги и непопустливи. Кога ќе бидат повикани да извршат било каква задача, тие стопроцентно и целосно се посветени на тоа. Многу им е важно да ги одржуваат ветувањата кои ги дале. И покрај големото страдање и неволја, тие ќе ги истражат и исцрпат сите опции, се додека не се постигне конечното решение. Тие не знаат да се борат само за она што е правилно и добро, туку и како да го сочуваат она што веќе го постигнале.

Важат за многу верни но и посесивни сопружници и партнери. Тие стануваат успешни кога се соочуваат со спротивставување и препреки од другата страна. Сакаат да бидат препознаени и ништо не може да ги повреди повеќе од фактот дека тие се одбиени. Кога се лути, сите што се наоѓаат околу нив, треба да бидат многу внимателни. Неретко овие луѓе се наклонети кон сплетки и трачарење. Склони се и кон промени во расположението исто како морето. Мирно и сино во еден момент, а сиво и зацрнето веќе во следниот.

Луѓето родени под овој знак честопати се неодлучни и се двоумат. Тие честопати ќе речат „да, но…“ затоа што не се задоволни од моменталното и постигнато и сакаат да ја дознаат и видат ситуацијата од сите агли. Често можат да станат многу сомнителни и недоверливи. Делфините љубовници се одлични пријатели и секогаш се спремни да помогнат на оние кои се во неволја.

Dushuza – Воинствениот овен (од 21 март до 20 април)

Личноста родена во знак на завојлив овен според африканската традиција е вистински воин, иако обично не е водач. Тој е посветен пријател во добро и во зло и ќе остане на сцената дури и кога сите ќе се откажат. Членовите на овој лик се во можност да го налутат и предизвикаат дури и најсилниот непријател.

Воинствените овни брзо се лутат, но исто така и брзо се смируваат, простуваат и забораваат. Многу се надарени и вешто ги прикриваат емоциите и го затскриваат своето право лице, па е тешко да ги прочитате и разберете што мислат во некој даден момент. Тие се многу посесивни, особено кога станува збор за нивното богатство или одредени материјални добра, а можат да бидат и големи скржавци. Знаат како да се стекнат со материјални добра и се доста паметни, но овните често се просечни луѓе, само поради тоа што и нивната среќа е просечна.

Burumatara ili Unkunzendala – Стариот бик (од 21април до 20 мај)

Луѓето родени во знак на стар бик се многу агресивни и неумерени во се што прават. Тие се самопрогласени победници, гласноговорници, нарциси, во кратки црти, луѓе кои сакаат светот да знае зошто се тука. Тие се тип на луѓе што пишуваат графити, ги резбаат своите иницијали на клупите во паркови и дрвјата и даваат се од себе да не бидат заборавени.

Нема ништо по застрашувачко за припадниците на овој знак отколку да бидат игнорирани. Тие се лути борци, спремни за кавга и агилни, но нивната храброст е ограничена затоа што тие брзо овенуваат, па дури и ја напуштаат битката ако наидат на тежок противник. Тие се силни, сигурни, горди и арогантни. Стариот бик потајно ќе се восхитува на убавите навики и нешта, но нема да ги практикува овие работи за себе. Ќе слушаат и критикуваат музика составена од други, но нема да направат своја бидејќи се мирни и ограничени во својата комфор зона.

Кога ќе бидат замолени да направат нешто, ќе го сторат тоа со темпото на бикот, полека и стабилно, и ќе ја завршат работата искрено и темелно. За овие луѓе е доста карактеристично тоа што можат да стекнат извонредно богатство, но можат и многу лесно и брзо да го изгубат. Тие можат да станат популарни преку ноќ, а потоа брзо да потонат и да се лизнат во мизерија. Старите бикови се луѓе кои лесно победуваат на игри на среќа и освојуваат водечки места во разни натпреварувања.

Demane i Demazana – Разиграните близнаци (од 21 мај до 23 јуни)

Луѓето родени во овој знак честопати се растргнати од експлозија на силни чувства. Тие имаат потешкотии да донесат одредени одлуки затоа што се во спротивност со сопствените внатрешни противречности. Ним им треба многу време за да донесат некоја важна одлука, и се остават за подоцна. Клучно за нив е да научат како да се справат со донесувањето одлуки и притоа да се придржуваат до истите. Жената родена во овој знак неретко може да му го даде срцето на двајца мажи во исто време, без да знае кој од нив ќе биде нејзиниот постојан партнер.

Овие луѓе се многу креативни и уметнички настроени, но некои од нив се доста дрски и мрзеливи. Тие често трошат многу време и енергија во бесмислени дискусии и двоумење. Имаат чудни пријатели со кои лесно се караат, и бргу излегуваат од нивните животи, а потоа повторно доаѓаат за да се покајат и смират.

Разиграните близнаци се многу чувствителни и не забораваат на злосторството, понекогаш покажувајќи чудна раздразливост дури и кон најмала навреда. Според африканската легенда, луѓето родени во овој знак ги извршуваат сите професии што се духовни и можат да бидат одлични мисионери, свештеници, проповедници, градежници и учители.

Inkalankala ili Sonkala – Старата краба (од 24 јуни до 25 јули)

Луѓето родени во овој знак често физички се многу слаби, особено во детството. Тие се склони кон одредени болести и обично имаат проблеми со градите и желудникот. Поради оваа слабост, тие треба да се грижат за своето тело, да јадат здрава храна и без претерување да вежбаат секој ден. Штом еднаш се заболени, тешко закрепнуваат.

Овие луѓе се многу комплицирани. Тие се сонувачи и поминуваат многу време размислувајќи за работите што треба да ги направат наместо да ги прават. Тие се идеалисти, поети, проповедници и наставници. Понекогаш тие треба да се справат со лошите манири кои тие особено ги покажуваат во млада возраст, но како што стареат, тие успеваат да се победат себеси и да се покажат во најдобро светло. Луѓето родени во овој знак чувствуваат дека треба да станат забележливи во очите на светот без некои големи напори.

Тие се срамежливи и инфериорни, а понекогаш и кукавички настроени. Кога се соочуваат со проблеми, тие се двоумат до таков степен, што не знаат каде да одат ниту што да превземат. Тие поминуваат повеќе време размислувајќи за тоа како да избегаат од комплицираната ситуација, отколку да ја решат. Можат да бидат посесивни и да направат се за да го заштитат и зачуваат својот дом и имот, и она што тие сметаат дека им припаѓа. Тие сакаат да патуваат, но не само ради авантура, туку и да стекнуваат нови искуства и пријателства.

Иако често имаат проблеми, тие исто така имаат и среќа што доаѓа одеднаш и ги спасува од тешки ситуации. Обично ова се случува циклусно, и се повторува околу истиот месец секоја година. Сепак, понекогаш тие се расипнички настроени и секогаш треба да пазат и да се контролираат за да не изгубат во еден момент се што стекнале. Старатата краба е голем емпат и ним им е особено тешко да гледаат како некој од домот или блиските страда.

Imbubedingile – Прогонетиот лав (од 26 јули до 26 август)

Луѓето родени во овој знак не можат да поминат незабележани. Тие се поканети да водат групи затоа што се одлични организатори и лидери, но неретко можат да станат мрзеливи и беспомошни. Тие постојано се забележани од авторитетни луѓе на високи позиции, кои честопати им нудат прилики и задачи за кои не се ниту подготвени, а ниту пак особено заинтересирани. Изгонети лавови зборуваат, размислуваат и сонуваат многу интензивно и гласно. Кога прават нешто, тие се опседнати со работата.

Тие се нeуморни и имаат потешкотии во ноѓање партнер и покажување љубов затоа што не можат да се изразат во вистинското светло. Другите луѓе тешко ги разбираат, дури и нивните најдобри намери може да се протолкуваат како сомнителни. Кај Прогонетиот лав нема средина. Тие можат да ги разбудат кај луѓето најекстремните емотивни реакции: или огромно восхитување, или длабока омраза. Луѓето родени во знак на Прогонет лав често се склони на болести поврзани со срцето и белите дробови.

Во староста, тие имаат проблеми со мускулите и уринарниот тракт. Честопати водени од бранот на животот, овие луѓе се упатуваат кон најоддалечените брегови, но повторно се враќаат. Тие можат многу брзо да се збогатат, но можат и одеднаш да изгубат се. Обично се венчаат два или три пати и некоја трагедија честопати ги одвојува од своите најблиски. Нивната душевна тага е длабока, но тие се еластични и борбени и брзо се опоравуваат.

Прогонетите лавови се луѓе кои можат да го променат текот на историјата, да направат многу луѓе да бидат среќни и да им донесат големо богатство, но тие самите можат да умрат во сиромаштија. Тие се осамени, иако од време на време се населуваат во засолништето на најблиските. Кога доаѓаат тешки времиња, сите се собираат околу нив, барајќи совет, водство и утеха. Прогонетите лавови се родени за да им помагаат и да им служат на другите, иако другите многу малку ги ценат нивните напори.

Untombijasina ili Nanana – Девојката која игра (од 27 август до 26 септември)

Луѓето родени во овој знак се динамични и интересни, сакаат да се забавуваат во животот. Атлетски се градени и многу спортови природно им лежат. Тие честопати можат да бидат незгодни и да прибегнат кон разни трикови во дружбата со луѓе, искористувајќи ги предностите на другите. И покрај тоа, тие имаат многу лојални пријатели и се опкружени со љубов.

Тие имаат многу свои светли и темни страни, исто како Месечината. Нивното расположение се менува со огромна брзина и се движи од длабока депресија до преголем ентузијазам. Тие се исклучително добри организатори. Нивниот брз ум секогаш прави планови, размислувајќи како да напредуваат. Луѓето родени во овој знак ја сакаат убавината и се одлични љубовници. Понекогаш тие наидуваат на големи проблеми во истражување на нови аспекти на љубовта, па како последица на тоа и да ги загубат своите партнери.

Ако овој знак ве мрази, тогаш од нивна страна останувате мразени бидејќи за нив, простувањето е знак на слабост. Ако сте сакани од нивна страна, ќе останете засекогаш сакани. Тие често експериментираат со храна, пијалоци, па дури и со лекови затоа што сакаат разновидност. Не се исполнети и среќни доколку немаат нешто ново за да се забавуваат себеси, да помогнат на другите или да измамат некого. Тие хронично страдаат од главоболки и болки во зглобовите. Често се склони и кон кршеници на коските меѓутоа закрепнуваат многу брзо по повредата.

Izimbenge zika Gubudela – Длабоката јама (од 27 септември до 28 октомври)

Луѓето родени во овој знак покажуваат екстремен скептицизам, ретко прифаќајќи ги работите онака како што изгледаат. Тие испрашуваат, предизвикуваат, имаат приговори, се сомневаат во точноста на сè, затоа што се родени со неодолив импулс да ги разберат и навлезат во длабочините на животните проблеми. Општо земено, тие се многу добри во превземање на контролата над другите и присилување да ја извршат целата работа, но од друга страна, тешко им е самите да се контролираат.

Ова се луѓе кои можат да се соочат со проблемите, затоа што не можат да им кажат НЕ на пријателите и сакаат постојано да бидат на услуга на другите, дури и кога не се во можност или се болни. Тие сакаат да помогнат дури и кога ним им е стварно потребна помош.

Ќе отидат толку далеку до каде никој друг не би се ни осудил, доаѓајќи во судир со големи луѓе во име на законот и правдата. Луѓето родени во овој знак се големи хуманитарци, и кога ќе стекнат богатство, сакаат да го поделат со оние кои немаат. Парите и богатството немаат никаква важност за нив. Тие постојано се борат да добијат љубов од личноста што страсно ја сакаат, но во моментот кога ќе сфатат дека вистински се сакани, често губат интерес и бараат друга личност.

Sobatinjela – Осветничката скорпија (од 29 октомври до 25 ноември)

Луѓето родени во овој знак се оние што ќе умрат додека се борат за она што е правилно. Тие може да станат водачи на револуција или водачи во борбата против угнетувањето и тиранијата, но нивното правило наскоро попушта кога сите грешки ќе бидат исправени од тиранот и се добро ќе се заврши и надмине. Така често знаат да бидат и измамени.

Тие се борат за општо добро и понекогаш му штетат на сопственото здравје во обидот да им помогнат на другите. Тие се свртени кон надворешниот свет, хумористични и забавни, иако понекогаш пламнуваат во пропорција на нивниот незгоден темперамент. Откако ќе стекнат богатство, бргу се навикнуваат на тоа, но не се задоволни од тоа што го постигнале и ќе се обидат да бидат уште побогати.

Овие луѓе имаат многу малку ароганција и гордост во себе, затоа што можат да ја разберат празнината на животот, залудноста на човековото достигнување и тајната на минливоста на животот и смртта.

Sozabile – Големиот ловец (од 26 ноември до 28 декември)

Луѓето родени во овој знак се надарени од Бог со длабоко нуркање во суштината на нештата и можат да донесат прави одлуки, во вистинско време. Тие се во можност да направат многу работи без страв од неуспех и при самиот процес на работа да утврдат дека веќе успеале.

Понекогаш овие луѓе случајно ги прават другите луѓе среќни отколку самите себе. Тие се во состојба да ги подигнат своите соништа на повисоко ниво и да најдат скоро идеални решенија за многу проблеми, но обично другите имаат корист од тоа, а не самите. Понекогаш тие се надарени со воена природа. Тие се борат и се ставаат себеси во центарот на битката. Тоа ги прави најдобри генерали, команданти, борци, но понекогаш прават и фатални грешки со преголемото изложување за кои жалат долго време.

Тие се импулсивни и како да се талентирани да прават грешки, па многу често се големи доброчинители кон оние кои воопшто не го заслужуваат тоа. Луѓето родени во овој знак стануваат добри пејачи, рецитатори, портпароли и изведувачи на јавни настапи воопшто. Некои од најголемите волшебници и гледачи се родени во овој знак.

Тие мораат да научат да се воздржуваат, затоа што имаат тенденција да одат во крајности. Во секој случај или ситуација, тие можат да станат екстремни и бунтовни. Многу од нив стануваат дури и премногу конзервативни. Тие имаат тенденција да влезат во сериозна неволја, затоа секогаш треба да го користат своето вродено чувство за исчекување и интуиција за да спречат непријатни настани.

Umkhomo – Кит (од 29 декември до – 6 јануари)

Според традицијата на африканскиот народ, годината имала 13 месеци, а не 12. Зошто е тоа така, не е познато. Но за разлика од западните култури, каде што бројот 13 е означен како баксузен, во Африка број 13 кој ги содржи броевите 3 и 10, секогаш е означен како свет број. На јазикот Зулу, 13-ти месец (преостанатите денови по 12-ти месец, односно останатите 9 денови) се нарекува Indidamadoda, што во превод значи прекор на луѓето.

Овој месец се славел како најсвет од сите месеци во традиционалниот африкански календар. Во овој месец се одржувале церемонии за мир и биле склопувани примирја меѓу племињата. Се зборувало дека луѓето кои се родени во ова свето време, во овој месец, се посебни и поседуваат посебни моќи да бидат јасновидци и врачеви. Нивните животи треба да бидат исполнети со свети задачи и треба да им служат на другите. Зулу “rec rec umkhomo” буквално значи „оној кој знае се“. Членовите на овој знак го посветуваат целиот свој живот во барање на мудрост и знаење. Но дури и кога тоа ќе го сторат, тие ретко се среќни. Продолжуваат да бараат се повеќе, се додека смртните ѕвезди целосно не го затемнат небото на нивните животи. Во африканската традиција огромна чест и подарок само за посебни души е некој да се роди во 13-тиот месец, под власта на знакот на кит.