Недела е ден за одмор и уживање, а тоа подразбира и исполнување на душата со сладок десерт. Доколку сакате и вие да се почестите себеси и своите најблиски со нешто слатко, сепак не премногу калорично, во продолжение ви претставуваме стар рецепт за колач со сливи каков што го памерите од детството!
СОСТОЈКИ: 3 јајца, 100 гр шеќер, 8 г ванилин шеќер, 100 мл масло, 100 мл јогурт, 220 гр брашно, 12 g квасец и 100 гр сливи.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Измешајте ги јајцата со шеќерот, ванилиниот шеќер, маслото и јогуртот, па сè убаво измешајте. Просејте го брашното и додадете го во смесата заедно со сувиот квасец. Мешајте додека не добиете глатка маса. Смесата истурете ја во тркалезен плех со дијаметар од 28 см. Одозгора рамномерно распоредете ги сечканите сливи. Се пече на 200 степени околу половина час. По желба посипете со шеќер во прав.
Уживајте!