|
Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, откако ја изгуби жалбата и му беше укината визата во Австралија, бил фотографиран на аеродромот во Мелбурн од каде треба да ја напушти Австралија.
Ова се едни од првите фотографии на српскиот ас, од моментот кога Федералниот суд во Австралија наложи дека мора да ја напушти земјата.
Алекс Хок, министерот за миграциски прашања на Австралија, му ја укина визата на Ѓоковиќ, а судот ја поддржа неговата одлука, па Ѓоковиќ е депортиран од земјата.