– Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека утре ветерот ќе биде од северозападен правец и особено Долж Повардарието повремено ќе биде со засилен интензитет.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 12 степени, вели нашиот мете прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски, во текот на утрешната ноќ, како и во вторник особено претпладне ќе има услови за локално провејување на снег, особено во северните предели, додека на некои пониски места ќе има услови за проврнување на дожд и на снег.
Во среда пак и во четврток претпладне ќе биде претежно стабилно и суво. Потоа нови врнежи од дожд и од снег се очекуваат во четврток попладне и во петок.