Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели. Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините.
Во текот на ноќта услови за провејување на снег ќе има и во северните предели. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брфинг.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 7 степени.
Потоа утре претпладне сѐ уште ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека нов влажен и студен бран се очекува во четврток попладне и во петок и истиот ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека наутро насекаде ќе се спуштаат под нулата и ќе се движат во интервалот од -9 до -1 степен.