Ноле е на пат за Белград, му се подготвува спектакуларен пречек

|

Светскиот број 1 тенисер, Новак Ѓоковиќ го загуби последниот обид да остане во Австралија и да игра на Австралија опен, првиот гренд слем од сезоната, откако федералниот суд ја потврди владината одлука да му се откаже визата за влез во земјата под образложение дека 34-годишниот деветкратен шампион од Мелбурн претставува за*ана за јавното здравје.

Новак Ѓоковиќ по заминувањето од Австралија накратко се задржа во Дубаи и веќе е на пат за Србија. Во Белград му се подготвува спектакуларен пречек и ќе ја добие највисоката градска награда за заслуги.

По одлуката се огласи и првиот светски рекет, откако и нему му стана јасно дека ќе биде депортиран и нема да може да ја одбрани титулата на Австралија Опен.

-Би сакал да дадам кратка изјава и да се осврнам на резултатите од денешното сослушување. Сега ќе одвојам малку време да се одморам и да се опоравам, пред да дадам дополнителни коментари. Крајно сум разочаран од пресудата, рече тој.

-Ја почитувам одлуката на Судот и ќе соработувам со сите надлежни органи при моето заминување од Австралија. На учесниците, на официјалните лица, работниците, волонтерите и на сите навивачи во светот им посакувам се најдобро на турнирот. На крајот, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите сограѓани Срби за нивната континуирана поддршка. Ти беа голем извор на сила за мене“, рече Ѓоковиќ, во изјавата што пренесе австралиски „Ејџ“.