Прослава во затворската ќелија – Кој би рекол дека ова е Боки 13 (ФОТО)

|

На Твитер се споделува фотографија од затворот Идризово на која се гледа прослава на нечиј роденден, на кој присуствува и Боjан Јовановски, попознат како Боки 13.

Покрај роденденската торта сликани се неколкумина затвореници, со кој Боки 13 ги дели овие тешки денови, сепак изгледа релативно расположен со оглед на околностите.

Како телефонот се нашол во затворската ќелија, па и со пристап до интернет, останува да преиспита затворската служба како и да открие кој замижал на оваа роденденска забава и овозможил да се овековечи моментот.