Нема продолжување на распустот – Комисијата предлага учениците да се вратат на настава со физичко присуство

ИЗВОРТелма
|

Комисијата денеска пресече да нема продолжување на зимскиот распуст. Училишните врати за основците и средношколиците се отвораат в четврток а комисијата се водела по искуствата од земјите во регионот.

Kомисијата смирува откако следеа бурните реакции на родителите и синдикатите на просвета.

„ ГИ РАЗГЛЕДУВАВМЕ СИТЕ ИСКУСТВА ОД РЕГИОНОТ КАДЕ ШТО ПРАКСАТА ЗАСЕГА Е НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРУСТВО. ДОПОЛНИТЕЛНО БЕА ИЗНЕСЕНИ ЕМПИРИСКИ ПОДАТОЦИ НА КОМИСИЈАТА ДЕКА ДЕЦАТА ПОВЕЌЕ СЕ РАЗБО ЛУВААТ ДОМА ОТКОЛКУ ВО УЧИЛИШТЕ А ТОА Е ПОТВРДЕНО И СО ПОСЛЕДНИТЕ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ,“ СЕ ДЕЛ ОД ИЗНЕСЕНИТЕ АРГУМЕНТИ И ЗАКЛУЧОЦИ НА КОМИСИЈАТА

Предлогот на комисијата да не предложи продолжување на распустот следи откако денеска новиот министер по денешната смена во кабинетот за здравство, Беким Сали иницираше итен состанок на комисијата.

Сали за Телма вели дека одлуката треба да се донесе во согласност со министерството за образование, а темата тој ќе ја отвори и на владината седница, прва на новата влада.

Изминативе неколку недели, здравствените власти одбиваат да носат промени во мерките со аргументи дека притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа.

Сепак, од денеска функцијата министер за здравство Венко Филипче му ја предаде на колегата Беким Сали со очекување дека ќе одговори на предизвиците , но и на останатите сегменти од здравството, се наведува во честитката на Филипче.

Павле Беловски