Според претходните информации, утре претпладне сеуште ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Потоа во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Нов влажен и СТУДЕН воздушен бран се очекува во четврток попладне и во петок, и истиот ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и од снег. Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – најавува метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион понатаму ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека врнежи од дожд и од снег се очекуваат во четврток навечер и во петок. Особено утре ќе дува засилен ветер од северен правец, додена наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 6 степени.