Уставен формираше три предмети по иницијативи кои ги спорат законските одредби за недела неработен ден

ИЗВОРТелма
|

Стопанската комора на СМ ги оспори пред Уставен суд закоските одредби за прогласување на недела за неработен ден. „одредени членови од Закон за работни односи се спротивни на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните“, пишува во представката од Стопанската комора.

Како што објави Уставниот суд на Фејсбук во периодот од 10-ти до 14-ти јануари кај нив пристигнале три иницијативи, по кои се оформени три предмети.

Подносителот Иван Лотески од Охрид ги оспорува член 3 став 1 алинеја 3 , член 4 став 1 и 2, член 12 став 3, член 13 став 1, член 16 став 5, член 39 став 1 алинеја 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер објавен во „Службен весник на РСМ” бр.101/2019. Се оспоруваат одредби коишто се однесуваат на барател/и на информација, постапката за остварување на правото за слободен пристап до информации, содржината на барањето и дел од прекршочните одредби. Оспорените законски одредби според подносителот биле спротивни на темелните вредности на Уставот, начелото на еднаквост(член 9), гаранција на слободата и тајноста на писмата(член 17), гаранција и заштита на приватноста, личен и семеен живот, достоинство и углед(член 25), начело на уставност и законитост(член 51).

Потоа, Стопанска комора на Македонија ги оспорува членовите 4,5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија објавен во „Службен весник на РСМ” 295/21. Се оспоруваат одредби кои се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекршочни санкции. Според подносителот оспорените одредби биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото(член 8 алинеја 7), владеењето на правото(член 8 алинеја 3) и начелото на еднаквост(член 9) од Уставот.

И третиот предмет исто така е оформен по иницијатива поднесена од Стопанска комора на Македонија, која го го оспорува Законот за изменување и дополнување на Закон за работни односи објавен во „Службен весник на РСМ” бр.288/21, како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата во недела.