Оваа задача не можеле да ја решат ни студенти на Хардвар, ќе можете ли вие

ИЗВОРНов Лист
|

Повеќе од 50% од познатите Американски факултети не успеале да ја рашат оваа едноставна задача.

Бејзбол палката и топката заедно чинат 1.10 долари. Палката чини еден долар повеќе од топката. Колку чини топката?

Како што пренесува Business Insider повеќе од 50% од студентите дале погрешен одговор.

„Во вашиот ум сте си замислиле број. Тој број е 10, 10 центи. Ако топката чини 10 центи, тогаш заедно би чинеле 1,20долари, а не 1.10. Точниот одговор е 5 центи“.

Така да, топката чини 5 центи,палката е за долар поскапа од топката и чини 1 долар и 5 центи, а заедно чинат 1.10 долари

Доколку сакате да решите уште некоја интересна загатка еве ја во продолжение, загатката на Ајнштајн за која тој самиот рекол дека само 2% од луѓето можат да ја решат.

Обидете се:

Постојат пет куќи во кои живеат петмина луѓе. Секој има куќа во различна боја, пуши различни цигари, пие различен пијалак и има свое милениче. Целта е да откриете кој ја има рибата.

1. Англичанецот живее во црвената куќа.

2. Швеѓанецот чува кучиња.

3. Данецот пие чај.

4. Зелената куќа е лево од белата куќа.

5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе.

6. Човекот кој пуши Пал Мал одгледува птици.

7. Сопственикот на жолтата куќа пуши Данхил.

8. Човекот кој живее во куќата во центарот пие млеко.

9. Норвежанецот живее во првата куќа.

10. Човекот кој пуши Бленд живее покрај оној кој чува мачки.

11. Човекот кој пуши Блу Мастерс пие пиво.

12. Човекот кој чува коњи живее веднаш до оној кој пуши Данхил.

13. Германецот пуши Принц.

14. Норвежанецот живее покрај сината куќа.

15. Човекот кој пуши Бленд има сосед кој пие вода.

Одговорот е подолу…

.

.

Германецот