Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ја открива атмосферата во семејната вила на Дедиње десет дена по големиот конфликт меѓу Душко и Јелена.
Во медиумите одекна веста за семејниот конфликт на Божиќ, на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша. Душко извесно време се иселил од семејната вила, поради изречената мерка забрана за приближување кон сопругата, а Јелена решила овојпат да молчи за медиумите и споменатиот проблем во четирите ѕида да го реши со сопругот.
Сепак, многумина се прашуваа каква е атмосферата во семејниот дом десет дена по конфликтот, а одговор на тоа прашање даде ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника.
Имено, Ника на својот профил на „TikTok“ ја споделила својата рутина за „убавина“ со своите придружнички и им го покажала своето друго, женствено лице. Воедно, таа откри дека се смирија страстите во вилата на Дедиње, дека животот продолжил да тече нормално и дека барем како што изгледа засега, наскоро се ќе се врати во нормала, исто како што беше пред непријатната драма на нејзините родители.