Поради празникот Водици, утре автобусите на ЈСП со посебен возен ред

|

Поради верскиот празник Водици, утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од претпријатието исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.