Синдикалците се закануваат со протести, министерството за економија вели- ако недела неработен ден падне на Уставен суд тогаш тие ќе мора да го почитува тоа. Ќе „преживее“ ли неделата како неработен ден откако Уставниот суд оформи предмет по иницијативите на Стопанската комора која ги оспори двете законски измени со кои од почетокот на годинава се овозможи правото за поголем дел од работниците неделата да е неработна.
Уште незаживеана на терен, а работниците кои работеле во недела не ги земале ниту првите повисоки дневници – бизнисот ја оспори неделата како неработен ден пред Уставен. Судот оформи предмет и наскоро ќе одлучува. Аргументите пак на Стопанската комора се дека измените во двата закони се противуставни – се кршат начелата на слободниот пазар и претприемништвото. Стопанствениците велат не им одговара на сите работници недела да биде неработен ден.
Практично перцепцијата на работа не може да биде со помало значење од правото на одмор.Самиот факт дека законското решение има цела редица на исклучоци за кого важи, за кого не важи, не важи, и таа листа е неисцрпна и таа можеуште и да се продолжи и тука имате вие правни субјекти кои се ставени во нерамноправна положба едни во однос на другите- Зоран Јовановски, СКСМ.
Никој од работодавачите не е против правата на работниците. Но нашиот став и порано беше зошто баш недела. Ние не сме администрација па лесно да можеме да ставиме клуч на секој вид на бизнис. Јас ќе појдам од мојот личен бизнис каде што имам мои вработени, на нив на сите не им одговвара недела неработен ден. Зошто ќе кажеме, зошто еден ден во неделата тој сака некогаш да го користи и за административни работи, Мендерес Кучи, Комора на Северо -Западна Македонија.
Од министерството за труд, пак каде се оспорените измени во Законот за работни односи за неделата да е неработна, велат дека измените биле за да се отстранат можностите за злоупотреба на правото на неделен одмор и правото на додаток на плата за работа во недела. Министерството со порака до бизнисот – зајакнувањето на работничките права не значи нарушување на слободата на пазарот на трудот и претприемништвото ниту, пак, повреда на уставното право за еднаквост на граѓаните пред законите.
Министерот за економија Бектеши, чии измени во Законот за трговија бизнисот ги оспори пред Уставен, вели што и да одлучат судиите тие ќе мора да го почитуваат.
ССМ пак на вонредна седница на претседателството одлучи- излезот ќе го бараат на улица-со блокади, протести и штрајкови, ако работниците останат беа ова право.
ССМ: Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на „газдите“ да не им се допаѓа. Милионите денари на работниците кои работеле во недела без никакви ограничувања, а не биле плаќани за тоа завршувале во џебовите на „газдите“ се причината за иницијативата поднесена од нивна страна до Уставниот суд.
Дали ќе „преживее“ неделата како неработен ден ќе се знае наскоро. Инаку од први јануари годинава таа стана неработен ден за 92 проценти од работниците. Тие пак кои работат во недела треба да добијат за 50 проценти повисока дневница, ако се на листата дејности на кои им е дозволено да работат- за останатите дневницата е 100 проценти.
Александра Филиповска