Од четврток (20.01.2022 год), јавниот превоз ќе продолжи да функционира по редуциран зимски возен ред, со оглед на одлуката за продолжување на училишниот зимски распуст, информираат од ЈСП-Скопје.
Ваквиот режим на функционирање на јавниот превоз ќе важи се до завршување на распустот.
Воедно известуваме дека поради верскиот празник Водици, утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
Како што информираат од претпријатието исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.