Колку долго се чува светата вода: Еве што треба да направите денес

ИЗВОРНов Лист
|

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

На денешен ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со старата света вода?

Според народното верување, доколку  Богојавленска вода не се потроши во текот на година, тогаш остатокот, кога ќе земете нова вода, се сипува во бунари, река или цвеќе, односно таму каде нема да биде изложена на газење или обесветување.