Откријте според хороскопот во кој знак се крие вашиот најдобар пријател.
ОВЕН
Моќниот Овен гради многу силни врски и пријателства со Бикот, Лавот, Стрелецот, Рибите и Вагата. Овенот во пар може да успее тогаш кога ќе научи да ги почитува своите желби и чувства.
БИК
Бикот најдобар пријател но и партнер може да биде со Јарецот, Рибите, Девицата и Ракот. Бикот во љубовта ќе успее само ако има искрена взаемна поддршка со партнерот.
БЛИЗНАЦИ
Креативните Близнаци најдобро се сложуваат со Овенот, Лавот, Вагата и Водолијата, но можат да излезат на крај и со Стрелецот.
РАК
Заштитнички настроениот Рак одлично функционира во односот со Шкорпијата, Бикот, Девицата, Рибите и Јарецот. Но, тие сакаат и силни личности како што се Стрелецот и Лавот.
ЛАВ
Лавот ги сака Девиците, Стрелците, Овенот, Близнаците и Водолијата. Во пар Лавот успева само кога комуникацијата му е на врвно ниво.
ДЕВИЦА
Девиците најдобро се сложуваат со Јарецот, Бикот и Шкорпијата. Нивната спротивност се Рибите, но сепак секогаш им помагаат да најдат баланс.
ВАГА
Шармантната Вага одлично “кликнува“ со Овните, Близнаците, Лавовите, Стрелците и Рибите. Две Ваги ќе успеат само ако направат компромис.
ШКОРПИЈА
Страствената Шкорпија сака да се дружи или ужива во љубовни врски со Ракови, Девици, Јарци, Риби и Бикови.
СТРЕЛЕЦ
Авантуристичкиот Стрелец го обожава друштвото на Овенот, Лавот, Вагата, Водолијата и Близнаците.
ЈАРЕЦ
Приземниот Јарец најдобри пријателски но и љубовни односи гради со Бикот, Девицата, Шкорпијата, Рибите и припадници на неговиот знак.
ВОДОЛИЈА
Водолијата премногу размислува но сепак пријатно се чувствува во друштво на Близнаците, Стрелците, Вагите, Лавовите и Овните.
РИБИ
Многу чувствителните Риби нема да им одолеат на Шкорпиите, Раковите, Јарците и секако Девиците.