Ди Каприо за разговорот со шефот на НАСА: „Ми кажа што ќе се случи во светот“

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Леонардо ди Каприо (47) на промоцијата на филмот на Нетфликс „Don’t look up“ зборуваше за проблемот со климатските промени и рече дека не е оптимист за развојот на тој проблем.

„Се сеќавам дека работев на документарен филм, за време на кој го посетив шефот на НАСА, кој детално ми објасни што ќе се случува во светот во следните пет години. Го прашав „Што ќе се случи во Калифорнија?“ на што тој одговори: „Ќе има огромни пожари кои ќе уништат безброј дрвја, проследени со невидена суша и така ќе биде секаде низ светот“, изјави актерот.

Тој тврди дека занемарувањето на научната заедница е срамота и рече дека корпорациите треба да дадат свој придонес доколку мислиме дека имаме позитивно решение за оваа ситуација.

Тој вели дека е горд што е дел од филм кој сака да ја прикаже реалноста и да ја нагласи итноста од потребата да се дејствува на кој било начин што го знаеме, но смета дека трудот мора да дојде од приватниот сектор, односно од 100те компаниите кои произведуваат 70 проценти од светските емисии.