Аца Лукас се јави од болница: Пејачот ги направи сите анализи, задржан е неколку дена

ИЗВОРНов Лист
|

Фолкерот Аца Лукас итно бил примен во Ургентниот центар, а сега е откриена причината.

Веста дека Аца Лукас итно е примен во Ургентниот центар ја изненади јавноста, а пејачот за Информер откри зошто е е таму.

– Добро сум, имав стомачни проблеми. Ме задржаа неколку дена да се опоравам – кратко изјави Лукас.

Неговиот музички продуцент Саша Мирковиќ најпрвин објави дека Аца е во болница:

– Точно е дека Аца Лукас заврши во болница. Се чувствувал уморен и слаб, но направиле детални прегледи. Само ќе ви кажам дека претходните денови и недели работеше многу… Му дадоа витамински коктел – рече тој и додаде дека Лукас прима витаминска инфузија.