Трик од мајстор за палачинки: Како секоја палачинка да биде совршено мека?

|

Кога правиме палачинки дома, обично се подразбира дека првата никогаш не ни излегува баш како што треба. Иако палачинките се навидум едноставни, сите правиме грешки при нивната подготовка.

За да ни се погодат палачинките важно е какво брашно ќе одбереме или со каква лажица ќе ја мешаме смесата.

А, за палачинките да бидат секогаш меки и сочни, следете ги следниве совети од професионален мајстор:

1. За палачинката да не се залепи на тавчето, додајте масло или путер во смесата.

На 500 грама брашно се додава 10 грама путер, 10 грама сол, 100 грама шеќер и 4 јајца. За уште повкусни палачинки, додадете и малку ванила или ванилин шеќер.

2. За меки палачинки важен е и обликот на тавчето. Користете тавче наменето за палачинки што има сосема рамно дно.

3. Постои и еден трик за совршени палачинки кој го користеле и нашите баби.

Пред да ја испечете првата палачинка, ставете поголема количина на масло во тавчето, оставете го добро да се загрее и потоа ставете од смесата.

За останатите палачинки, доволно е само малку масло.