Исчистена дива депонија од 2000 квадратни метри во Горно Лисиче – Собрани 250 кубни метри

ИЗВОРНов Лист
|

Денеска на мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација успешно исчистија дива депонија по должината на кејот.

Станува збор за исчистена површина од 2000 квадратни метри, а беа собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут.

Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани.