– Како што претходно најавивме, во текот на следните денови под влијание на МНОГУ СТУДЕНАТА воздушна маса која се спушта од север, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди, локално и подолги. Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж Повардарието. Локално ќе има услови и за сосема слабо провејување на снег- вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Наутро температурите ќе бидат ИСКЛУЧИТЕЛНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштат дури до близу -20 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени. И во Скопскиот регион во текот на сл едните неколку денови времето ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 0 степени.