Георгина Родригез: На работа одев со автобус, а се враќав со Бугати

|

Георгина Родригез, во едно неодамнешно интервју изјавила дека и` било тешко да се навикне на раскошниот начин на живот на фудбалерот.

„Ќе одев на работа со автобус и ќе се вратев дома во Бугатито на Роналдо. Морав да се навикнам“, рече таа.

Георгина тогаш работела како продавачка на Гучи во Мадрид, пренесува The Sun.

„Од продажбата на луксузна облека преминав до црвениот тепих. Денес имам милиони следбеници и јас сум девојката на најследениот маж на светот“, додала таа.

„Кога првпат почнав да живеам во вилата на Кристијано, се губев секој пат кога одев во кујната по вода. Понекогаш ми требаше половина час да се вратам од дневната соба бидејќи не го знаев патот. Порано живеев во мали станови“.

„Ми требаше околу половина година за конечно да дознаам каде се собите во неговиот дом“, додаде таа.