Според хрватските медиуми, пејачката Северина Вучковиќ и нејзиниот поранешен пријател и менаџер Томислав Петровиќ се помириле, па решиле да го обноват контактот со Едвин Софтиќ, пријател од кој нeкогаш не се разделувале.
Имено, Томица за време на викендот му се јавил на Софтиќ, менаџер на еден загрепски клуб и рекол дека тој и Северина ќе дојдат да ја видат програмата по која е познат клубот, па набрзо пејачката и самата му се јавила на Софтиќ, која решила да се смири со сите со кои прекинала контакт за време на бракот со Игор Којиќ.
– Едвин, Томица и Северина не се разделувале во минатото, па во меѓувреме настанала расправија, по што се разделиле. Северина и Софтиќ, кој и беше најбклизок соработник и еден од нејзините најдобри пријатели, изгледа ги решија недоразбирањата кои настанаа додека беше во брак со Игор Којиќ.
Пред три години Којиќ наводно ставил црна свеќа пред вратата на Софтиќ, како и поранешниот партнер Милан Поповиќ. Црната свеќа обично се користи за отстранување на магии бидејќи штити и дава моќ, а во црната магија се користи ако некој има намера да уништи врска. Наводно Софтиќ прво ја треснал вратата на Којиќ кога тој тропнал на неговата врата за да разговара, а потоа во лифтот на зградата во која живее во Загреб нашол црна свеќа. Софтиќ тогаш рекол дека е сигурен дека Северина нема никаква врска со црната свеќа во неговиот лифт, но тие не се слушнале поради Игор – рекол изворот.
– Со оглед на тоа дека се води истрага, не сакам јавно да зборувам за детали. Можам само да кажам дека многу добро ја познавам Северина и дека сум сигурен дека во овој случај таа нема никаква врска со постапките на нејзиниот сопруг – изјави тогаш Софтиќ.
Инаку, Едвин ги запознал Северина и Игор пролетта 2015 година во белградска арена по нејзиниот концерт.
Инаку, Софтиќ и Петровиќ останаа во многу добри односи и откако Северина ги исклучи од животот, наводно поради Којиќ. Подоцна никогаш јавно не проговорија за причините за долгогодишната соработка и пријателство. Но, факт е дека откако Којиќ го напушти животот на Северина, пејачката почна да се помирува со најблиските. Прво со Петровиќ, а потоа и со Софтиќ.