За совршено сварен ориз додадете една состојка во водата

|

Оризот е традиционално јадење во Македонија и често го има на трпезата, во најразлични форми. Од полнети пиперки со ориз, до варен ориз со зеленчук или пилешко, па дури и во вид на сутлијаш како сладок десерт…оризот едноставно е превкусен.

Доколку и вие често го готвите оризот и сигурно ви се случува да стане леплив и премногу мек, поради што не може да ја задржи текстурата. Нормално, тоа ве нервира.

Затоа е добро да знаете одредени кулинарски трикови кои ќе ви помогнат во готвењето, а еден од нив се однесува и на подготовка на ориз.

За совршено приготвен ориз, соодносот вода и ориз треба да биде 3:1, што значи дека на една шолја ориз треба да прелиете три чаши вода.

Но, тоа не е сѐ. Постои еден многу ефикасен трик кој преку една состојка ќе го направи оризот совршено сварен.

Без оглед на јадењето што го правите, додајте неколку капки сок од лимон додека го готвите оризот. Благодарение на лимонот оризот нема да се залепи и зрната потоа ќе се двојат.

Затоа, ако вашиот ориз досега не успеал или ако сте почетник во готвењето, следниот пат пробајте го овој трик и бидете сигурни дека добро ќе испадне.