Пејачката Марија Шерифовиќ доживеа непријатност кога жена ја навредувала на Твитер.
Имено, еден корисник на споменатата социјална мрежа преку навреди и напиша на пејачката:
Свињо дебела“, напиша таа, на која Шерифовиќ не остана должна.
Сепак, тоа не беше доволно да ја спречи дамата да ја навреди.
Жената продолжи да ја навредува по што пејачката на крајот не сакаше да одговори на овие навреди, а целата преписка стана вирална на мрежите.
Инаку, Марија Шерифовиќ неодамна јавно го кажа својот став за изменетата песна на сеуште малолетната Зорана Миќановиќ.
Ѕвездата на „Гранд“ се прослави со песната „Сиктер“ што за неа ја компонираше Александар Милиќ Мили. Новата верзија на оваа песна наречена „Божиќ бај, бај“, чии зборови ги напишаа членови на едно хрватско радио, предизвика вистински хаос на социјалните мрежи, а Марија шокирана и го коментираше следново:
– Сосема ми е јасно дека тоа не е мој циркус и дека не се мои мајмуни, но посилно од мене е да не коментирам за ова. Можно ли е некој да го искористил своето време, труд, интелигенција и да му дал на малолетник да пее: „Еве јас сјаам како елка, спремен да испијам литар џек, Божиќ, Божиќ чао, чао“?! Дали сте нормални и срам да ви е.