По 2.000 евра за сите завеани на автопатот во Грција

|

Снежното невреме „Елпида“ го запре сообраќајот на обиколницата околу Атина, а над илјада возачи беа заробени повеќе од 20 часа. Во нивното ослободување учествуваше и војската.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, побара отштета од 2.000 евра за заглавен автомобил, од компанијата задолжена за автопатот „Атики одос“, која не успеа да го исчисти патот, иако невремето беше најавувано неколку дена однапред. Возачите кои со часови останаа заглавени со нивните автомобили на автопатот што ги поврзува предградијата во Атина, ќе добијат оштета од 2.000 евра, а 1.000 ќе биде оштетата за патниците кои останаа заглавени во возовите поради прекинот на железничкиот сообраќај.

По фијаското со илјадници заробени возачи и нивните маки, компанијата наводно го прифатила барањето на премиерот, а се очекува официјална потврда дека на сите завеани возачи на автопатот ќе им биде исплатена отштета, јавуваат грчките медиуми.