Состојки: 1 главица зелка, 300-400г мелено месо, 1/2 шолја ориз
половина главица кромид, Сол по вкус. За запршка, 1 лажица брашно.
Во тава на оган ставете го претходно исецканиот кромид да се пропржи со зејтинот. Откако ќе се пропржи го додавате меленото месо солта и мешаниот зачин. Со лажица мешате додека да се пропржи месото. Откако ќе се пропржи го додавате оризот промешајте и тргнете го од на оган. Почнувате со полњење на сармата. Листовите ги делите на половина.
Во секоја половина на средината додавате по една лажица од смесата, ја превиткувате и ја ставате во тенџере на кое претходно на дното сте му ставиле 2-3 листови од зелката. Постапката ја повторувате со сите листови. Важно е убаво да е превиткана да не излегува смесата од листот. Откако ќе завршете со превиткувањето и ќе ги наредете сите во тенџерето одозгора повторно ставаме листови зелка да покриеме површината и ставате нешто тешко одозгора за да не растурат клопчињата било што но да ја покрие површината.
Додајте вода во тенџерето и ставете го на оган да почне да врие. Откако ќе почне да врие намалето го огнот затоа што сармата треба да се готви на тивок оган. Варете околу 3 часа. Откако ќе е готова исцедете ја преостанатата вода и додајте ја во претходно зацрвенетото брашно со зејтин, мешајте додека да добиете густа сместа ако смесата е многу густа додајте врела вода и проверете за сол. Прелијте ја сармата со сосот. Добар апетит.