Салата која треба да ја јадете наместо вечера, ако пробувате да ослабете

|

Навечер наместо да гладувате, може и да вечерате еден тип на салата која го потпомага слабеењето.

Целерот е зеленчук-сојузник во топењето на килограмите, па ако внимавате што јадете со цел да ослабете, вечерата треба да ја замените со оваа салата.

Потребно е:

1 корен целер, 1 кисело јаболко, 1 морков, 1 шака ореви или печени бадеми. Дресинг од: 2 лажички сенф, 3 лажички маслиново масло, Сок од 1 лимон, 1 лажица мед, Зачини по желба.

Подготовка:
Зеленчукот и овошјето изрендајте ги ситно, а јаткастите плодови искршете ги на ситни парчиња. Промешајте. Направете го дресингот така што ќе ги изматите сите состојки и ќе прелиете преку салатата.

Важно – Ако сакате да ослабете, во исхраната мора да внесете целер, и тоа свеж, но секако не треба да очекувате дека ќе се случи магија, туку со тоа само ќе го потпомогнете процесот. Најдобро е од него да правите салати кои ќе ви ги заменат оброците како вечера или ужина. Секако, ова не треба да го практикувате како замена за секој оброк и останатите оброци не треба да бидат храна која ве дебелее.